| четврток, 6 декември 2018 |

Турци купуваат имоти во Атина

Договоривме средба со Ела Ајдоган и Џунеит Ѓузак на плоштадот Колонаки во Атина. Турското семејство тукушто купиле стан на атинската улица „Карнеаду“ и беше во банката за да отворат сметка.

– Тоа е интензивен дел од трудот во зделките, рече Џунеит кога се сретнавме. И двајцата се постојани жители на Атина, а само во последните неколку месеци тие посредувале за продажба на 49 имоти.

Претходниот ден се сретнале со уште една жена од Турција. Во последните шест месеци и таа посредувала во продажбата на осум имоти на нејзини познати и пријатели.

Жената има околу 50 години и живее со своето семејство во Атина. Ноќта за време на превратот минатата година, таа се разбудила вознемирена за судбината на нејзините блиски. – Сакав сите да дојдат во Грција, стравува за нивната безбедност, за она што ќе следува, изјави таа.

Неколку седмици подоцна по телефон и се јавил нејзин добар пријател. – Се плашам заради ситуацијата во Турција, сакам да ми помогнеш да најдам куќа во Грција, ми рече тој. Со него договорив средба во Атина. Потоа разгледавме неколку куќи во северните предградија на Атина и на крај тој купи стан во Кефалари за 250 илјади евра, раскажува жената.

Реално тоа е добра цена за таков имот, затоа што во договорот италијанските сопственици на станот поставиле услов да продолжат да живеат во него уште пет години и да плаќаат многу ниска наемнина.

Така конкретниот турски граѓанин и неговото семејство влегоа во грчката програма за „златни визи“, купувајќи имот вреден 250 илјади евра и на тој начин добија дозвола за престој во земјата, што им овозможува престој и во други европски држави.

Ела и Џунеит се зафатиле професионално со купопродажба на имоти неколку месеци пред обидот за преврат во Турција. Тие се преселиле со семејството во Атина во 2014 година и оттогаш им помогнале на многу пријатели и познати да дојдат до имоти.

– Во Турција одам на секои десет дена, таму се сретнувам со заинтересираните купувачи, а од нив само 25 проценти на крајот доаѓаат во Атина, но се решени да купат имот. Голем процент од останатите сакаат, но се уште не можат да си го дозволат тоа. Тие или чекаат да продадат некој имот во Турција за да соберат пари или само чекаат да видат што ќе се случи по референдумот во април, рече таа.

Цените на имотите сепак варираат во зависност од побарувачката. – Многу Грци од странци се обидуваат да извлечат максимална добивка од продажбата, објаснува Џунеит и дополнува дека таа и нејзиното семејство гледаат на купувањата на имоти како на инвестиција (во нивната канцеларија има претставништва на мултинационална компанија).

Од вкупно 57 куќи и имоти, продадени со помош на тројцата турски граѓани со кои разговарав, сопствениците на 12 од нив веќе добиле „златни визи“. За останатите процедурата ќе заврши во следните месеци.

Според официјални податоци, од 1 февруари биле издадени 128 визи за престој на Турци сопственици на имоти во Грција, кои престојуваат во земјата со своите семејства.

Повеќето од нив купиле имоти во вредност од 250 илјади евра. И покрај тоа, има и исклучоци. Како на пример, оние кои купиле имоти од 850 илјади евра, кои бараат да купат хотел во центарот на Атина за еден милион евра или еден претприемач кој сака да купи магацин, бидејќи неговите странски клиенти не сакаат да патуваат до Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top