„Непријателот на мојот непријател е мој пријател“ е изрека која долго време, и очигледно погрешно, се припишува на Бедуините.
Тоа не фер кон нив, бидејќи содржи лажна дуалистичка заблуда. Понекогаш изреката е точна, како на поример кога Сојузницте од Втората светска војна одлучиле да застанат на страната на Сталин против Адолф Хитлер. Во други времиња, и двете опции се подеднакво лоши.
Сепак, тоа е начинот на кој многу луѓе реагираат на Џорџ Сорос и на рускиот претседател Владимир Путин, и двајцата во моментов се борат за контрола над голем дел од срцата и умовите на светот. Или сте на страната на едниот или на другиот.
Или, пак, ако нападнете еден од нив, тоа значи дека сте во сојуз со другиот.
Второто се чини дека е пристапот што Исак Арнсдорф, Ендрју Ханаи Кенет Вогел од „Политико“ го направија со нивната спорна статија, „Републиканската партија го напаѓа Сорос во координација со Русија“.
Суштината на статијата (таа е толку еднострана, па дури и збунувачка на некои места) е дека македонските конзервативци ги измамиле републиканците во Конгресот да ја завршат работата на Путин за него.
Шест американски сенатори- Бил Касиди, Тед Круз, Џим Инхоф, Мајк Ли, Дејвид Пердју и Том Тилис испратија писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, барајќи од него да се испитаат известувањата од неколку земји дека фондациите на Сорос се обидуваат да спроведат прогресивна агенда и да ја заживат политичката левица.
Тоа, според екипата на „Политико“, е обвинување што Москва го поттикнува.
Не постои сомнеж дека Путин се залага за напад врз Сорос. Лидерот на Кремљ е опортунист кој ќе влезе во секој театар што го повикува, каде што апсурдно се претставува како заштитник на западните вредности.
И поканувајќи го Путин да го направи токму тоа е она што Сорос го прави во други земји.
Но, смешна е идејата дека активностите на овие сенатори и на неколку конгресмени, кои, исто така, побараа од Стејт департментот објаснувања зошто Агенцијата за меѓународен развој на САД се здружува со Сорос низ светот, се масло на Путин, како што вели „Политико“.
Кремљ, велат авторите од „Политичко“, гледа соросовото финансирање на граѓански здруженија во поранешните советски држави како дел од заговорот да се инсталираат прозападни влади.
Во случајот со малата Македонија (со 2 милиони жители, помала од Квинс, Њујорк), тоа е целосно погрешно.
Сорос и Амбасадата на САД им даваат поддршка на партиите што се против конзервативната партија ВМРО-несовршена партија какви што се и многу други политички партии низ светот, но многу настроена кон САД и НАТО.
Сорос расфрла пари наоколу и може да си го дозволи тоа. Форбс го проценти неговото богатство на 25 милијарди долари, што го прави 22-риот најбогат човек во светот.
Тој, на пример, во периодот меѓу 2000 и 2014 година потрошил 4,5 милиони долари за Центарот за јавен интегритет, каде што порано работел Вогел, еден од авторите на статијата на „Политико“.
Но, тука постои уште еден начин да се опише најбогатиот финансиер во светот: Тој троши милијарди за да се легализира абортусот во Ирска и во Мексико, за декриминализација на дрогата во Индонезија, за промовирање на мировен договор со нарко-марксистичките бунтовници во Колумбија што граѓаните на таа земја го одбија на референдум, за заложби за правата на трансродовите лица во Гватемала, за да се прикаже Израел како прекршител на човековите права, како и за легализација на проституцијата во целиот свет.
-Површински изгледа дека поголемиот број на групи и луѓе кои тој ги поддржува не се поврзани, пишува Каролина Глик за „Ерусалим пост“. -Впрочем, каква врска имаат климатските промени со нелегалните африкански имигранти во Израел? Каква врска има окупацијата на Вол Стрит со грчката имиграциона политика?
-Сите тие работат на ослабување на способноста на националните и на локалните власти во западните демократии да се придржуваат кон законите и вредностите на нивните народи и заедници, заклучува таа.
Таа премолчена или експлицитна поддршка на САД за либерални прогресивни политики ширум светот ја растура умерената политичка поддршка и го кани Путин како политичка алтернатива, како што сега се случува во Македонија.
Ако, поради недостаток на конзервативна алтернатива, ВМРО се сврти кон Путин да ја спречи екстремно-левичарската агенда што доаѓа надвор од земјата, тоа е наша грешка и на Сорос.
Путин е противник на кој не може да се верува. Тоа веќе сме го кажале во неколку наврати.
Путин и Сорос ја користат секоја прилика да си присвојат поени за себе.
Во последното крвопролевање пред неколку месеци, една хакерска група, за која ФБИ тврди дека работи за Кремљ, упадна во Фондациите Отворено општество и објави многу приватни документи кои ги откриваат плановите на Сорос за тоа како да се промовира радикализам во целиот свет.
Тука вклучени беа и неговите планови за реструктуирање на политичкиот систем на САД, преку Бирото за попис на САД и користење на Иркса како модел за промена на законите за живот во целиот свет.
Вистинскиот одговор на ситуацијата Путин против Сорос не е да изберете еден од нив. Наместо тоа, ќе ја парафразирам шега на Хенри Кисинџер за војната меѓу Иран и Ирак од 1980 година: „Да се надеваме дека двете страни ќе изгубат“.
Извор: „Дејли сигнал“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст