фото: Радио МОФ
Со знаме во боите на виножитото, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, се фотографираше пред Собранието заедно со ЛГБТ активист и уште еднаш јавно им даде поддршка на луѓето од оваа заедница. Со оглед на фактотот што ДОМ е дел од конзервативната владејачката коалиција, либералните ставовови на Поповска не поминаа незабележано, јави Радио МОФ.
Таа во изјава за Радио МОФ вели дека не може да зборува во име на коалицијата, но затоа додава дека нејзината партија отсекогаш се борела за рамноправност на сите и слободна сексуална ориентација.
– Ние бевме присутни на отворањето на ЛГБТ Центарот и редовно даваме поддршка на сите вакви настани. Сметаме дека треба да се урне стигмата. Јас верувам во борба преку институциите, а кога има аргументи, ќе има и разбирање. Работите течат, процесот нема да сопре – вели Поповска.
Како добар чекор напред таа ја наведува минатогодишната расправа во Собрание кога претставници на ЛГБТ заедницата разговараа за заштита на правата на маргинализираните заедници со претставниците на сите политички партии.
„ЛГБТИ луѓето влегоа во Собранието, тоа е голем чекор напред“, додава Поповска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.