Скопски саем од оваа година воведува нова саемска манифестација под наслов „Скопски аутлет саем“, кој ќе се одржува цели 16 дена и ќе опфати три викенди. Од први до 16 јуни 2013 година „Скопски аутлет саем“ ќе биде единствениот шопинг настан во нашата земја и ќе претставува одлична сезонска понуда за реновирање, реконструирање, градење, уредување, преуредување, доуредување, разубавување на куќите, становите, градините, балконите, дворовите.
Целта на Скопски саем за организирање на ваков карактеристичен саем е акцелерација на продажбата од асортиманот на производителите и трговските компании во сезона, а за посетителите – можност да најдат сѐ на едно место, по поволни цени. Воведен е уникатен изложбен систем базиран на концептот на ИКЕА со насочено движење за посетителите и можност за комплетна визуализација на целиот простор.
Наменет е само за потрошувачите, па бидејќи има карактер на продажен саем, ќе претставува најголем алтернативен шопинг простор кој ќе понуди сè за домот, стотици производи по несекојдневни и специјални цени. Со ова, учесниците на саемот ќе им обезбедат на своите купувачи поголема вредност за вложените пари.
Ова прво издание ќе се простира на простор од 7.000 квадратни метри внатрешен изложбен простор во 3 хали и целокупниот надворешен простор со повеќе од 60 штанда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст