| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија против Белорусија за 100 денари

Картите се веќе пуштени во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на „мктикетс" и на официјалниот штанд на ФФМ во „Сити Мол" во Скопје

Влезниците за пријателскиот фудбалски натпревар меѓу најдобрата македонската репрезентација и селекцијата на Белорусија се продаваат со симболична цена од 100 денари.

Картите се веќе пуштени во продажба и може да се набават преку продажната мрежа на „мктикетс” и на официјалниот штанд на ФФМ во „Сити Мол” во Скопје.

Натпреварот против Белорусите, нашите фудбалери ќе го играат на 28 март (вторник) со почеток од 18 часот, на националната арена „Филип Втори”.

Вечерва од 20:45 часот, црвено-жолтите во Вадуц против Лихтенштајн ќе го играат петтиот натпревар во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top