| четврток, 6 декември 2018 |

Крива Паланка порача: Одиме на нови избори!

palankaГолем број граѓани на Крива Паланка и вечерва упатија пораки за унитарна и единствена Република Македонија од протестниот марш што се одржа во организација на иницијативата „За заедничка Макеоднија“.

Пораките останаа исти, „не“ за двојазичност, „не“ за федерализација и кантонизација на државата. Членовите на иницијативата „За заедничка Македонија“ од Крива Паланка побараа поскоро разрешување на кризата во државата, што според нив, е можно само доколку се одржат нови парламентарни избори заедно со претстојните локални избори.

Паланчани по четиринаесетти пат ја минаа рутата по која маршираат од периферијата на градот, населба „Единство“, преку старата градска чаршија, низ главната улица „Свети Јоаким Осоговски“, центарот на градот, до плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на општината.

Маршот заврши мирно, а организаторите најавија протест и за утревечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top