Постојат голем број митови за тоа што сакаат и што не сакаат мажите и жените, но за да ги разрешиме ви ги пренесуваме одговорите на мажите за женското списание „Космополитен“. Ова се некои од нив.
Непристојна облека
Некои жени веруваат дека ќе ги освојат мажите ако се облечат атрактивно и ги покажат своите атрибути, но мажите не го сакаат тоа премногу. Според нивните одговори, тие ги преферираат жените кои се облекуваат женствено и елегантно, бидејќи таквите нешта будат страст кај нив и ја будат нивната имагинација.
Манекенски изглед
Голем дел од мажите сакаат згодни девојки и тоа е факт, но тие не поднесуваат кога некоја жена постојано се труди и глуми да изгледа совршено. Убавиот изглед навистина е нешто што мажот го забележува веднаш кај жената, но таа не мора да е преслаба за тоа. Тоа што е важно за нив се самодовербата и убавиот изглед, кожа и коса.
Претерана зависност или независност
Некои жени веруваат дека одговорност на мажот е „да ги издржува“, односно да плаќа и да се грижи за сите нивни задоволства. Од друга страна, постојат девојки кои се трудат претерано да бидат независни и одвоени од мажот, така што се губи целата нежност и хемија во комуникацијата.
Посветеност
Понекогаш се случува жената да заборави на својот живот и своите пријатели и потполно да му се посвети на мажот кој и се допаѓа. Иако може да звучи симпатично, сепак мажите не сакаат таква целосна посветеност. Мажите се привлечени од жени кои имаат интереси и хобија, и кои не се губат себеси во врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.