| четврток, 6 декември 2018 |

„Фалангата“ сè побројна – Поддршка за Македонија во Вадуз (ФОТО)

falanga-615x400Швајцарскиот „разгранок“ е дефинитивно најпрепознатливиот од македонската иселеничко-навивачка „Фаланга“… Така дефинитивно ќе биде и вечерва во Вадуз каде македонската фудбалска репрезентација од 20:45 часот го игра квалификацискиот натпревар за СП 2018 во Русија против Лихтенштајн.

Со тоа што, овој пат, македонски иселеници и од Австрија, Јужна Германија и Северна Италија ќе бидат на помош на избраниците на Игор Ангеловски. Според најавите се очекува околу 700 Македонци од трибините на „Рајнпарк“ стадионот во Вадуз вечерва да ги бодрат македонските фудбалери. Првите групи, на два часа пред почетокот на мечот, веќе пристигнуваат на стадионот кој е со капацитет од 6.500 седишта.

извор: Екипа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top