Жените на кои им недостига сон се посклони на ризикот од развој на психолошки нарушувања, депресија или срцеви болести.
Во морето разлики помеѓу мажите и жените, една е особено опасна за женското здравје, а станува збор за потребата за сон која е кај жените поизразена отколку кај посилниот пол. Имено, кај жените во недостаток на сон се развиваат болести кои во такви ситуации не ги погодуваат мажите.
На жените им се препорачува да отспијат во текот на денот помеѓу 25 и 90 минути, а се од таа причина што го користат мозокот повеќе од мажите работејќи повеќе работи во исто време.
Исто така, на мажите кои користат повеќе латерално размислување и носат одлуки во сложени работи, им треба повеќе сон отколку на просечните мажи, но сепак помалку отколку на жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.