| четврток, 6 декември 2018 |

„Американски спектатор“: САД со инвестиции во медиумите и во граѓанското општество го туркаат СДСМ на власт

„Надворешна интервенција“ е петтиот дел на анализата „Македонија до Џорџ Сорос и УСАИД – Одете си!“ објавена во „Американски спектатор“, каде што отворено се пишува за американското туркање на СДСМ да се позиционира за враќање на власт, како резултат на инвестициите во нејзините медиуми и инфраструктурата на граѓанското општество, односно дека „САД почнаа да учествуваат во процесот на создавање на следната влада“.

Со осврт кон политичката состојба во Македонија во текот на последните две години, „Кризата во Македонија не си заминува“, во изданието на „Американ Интрест“ од овој месец, Крис Делисо, американски новинар и автор кој живее со своето семејство во Скопје, пишува „Особено од 2015 година, активната американска дипломатија не само што не успеа да ја реши политичката криза во Македонија, туку, всушност, ја продолжи, со секоја иницијатива (и тајни и отворена) со контраефект на некој начин.“

Помогнувајќи и’ на СДСМ да се позиционира за враќање на власт, како резултат на инвестициите во нејзините медиуми и инфраструктурата на граѓанското општество, САД почна да учествува во процесот на создавање на следната влада.

Делисо смета дека владата на САД можела едноставно да стои настрана во оваа ситуација. Во контекст на нивните долгогодишни инвестиции во невладините сектор, што претставува и инвестиција во партијата СДСМ, не постоеше начин Стејт департментот да остане на маргините.

Викторија Нуланд, помошник државен секретар за европски прашања, минатото лето стана видливо вклучена во политичките преговори кон парламентарни избори, со навидум неутрална дипломатска улога. Во јули пред да си замине изјави „Денес се сретнав и разговарав со граѓански активисти и новинари и ги охрабрив да продолжат со работата што тие ја прават.”

Презакажани од април за јуни, па за декември, парламентарните избори конечно се одржаа на 11 декември на кои ВМРО го освои мнозинството со две парламентарни места пред СДСМ, 51:49. За да се формира владејачко мнозинство потребно е 61 место, па ВМРО се сврте кон својот партнер од 2011-2016, албанската Демократска унија за интеграција (ДУИ), со десет места. Но, ДУИ му го сврте грбот на својат стар сојузник, барајќи совети надвор од границите на земјата.

Нов актер се појави на сцената: албанскиот премиер Еди Рама, лидер на Социјалистичката партија на Албанија – кој е толку близок со Џорџ Сорос што присуствуваше на третата свадба на милијардерот во 2013 година. Рама и неговиот министер за надворешни работи ги собраа трите најголеми албански политички партии во Македонија, која заедно имаат 18 места, договорија нов сојуз изложен во таканаречената „Тиранска платформа“. Тоа е провокација од почеток до крај, барајќи албанскиот јазик да стане официјален јазик на сите нивоа на власта („целосна јазична еднаквост“), алудирајќи на етничко „градење на нацијата“ како легитимна цел, и се повикувајќи повторно да се преговара за основните прашања на националниот идентитет, вклучувајќи го и името на земјата, грбот, химната и знамето.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја прифати Тиранската платформа и доби поддршка и 18 места од трите албански партии на 25 февруари, изјавувајќи дека очекува претседателот Иванов да му даде мандат за да формира влада. Но, на 1 март, претседателот одби да му го додели мандатот на Заев затоа што неговата програма се залага за уништување на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на државата.

Оттогаш секојднево се организираат дневни собири и маршеви низ земјата, каде се користат знаците од гордиот народ: жолтите зраци на Македонија на црвено поле, момчиња и девојчиња во традиционални носии, спортисти, танцувачки групи и извидници.

Џејсон Мико, американски бизнисмен кој поминува доста време во Македонија, истакна дека „Тиранската платформа“ е само една етничка платформа, што не нуди создавање нови работни места во земја каде што фокусот на етничката припадност доведе до војна.

-Тоа е она што се случува, вели Мико. -Бирократите од пониските редови на Стејт департментот донесуваат одлуки бидејќи претседателот не беше во можност да ги пополни клучните работни места на седмиот кат. Не постои надзор. Тие му велат на американски амбасадор да го притисне Иванов да му го даде мандатот на Заев.

-Според мене, тоа е во директна спротивност на тоа што го изјави претседателот Трамп во својот инаугуративен говор, дека сакаме да ги оставиме другите народи да си ги стават своите интереси на прво место. Наместо тоа, во Македонија имаме амбасадор активист, Џес Бејли, кој работи со и финансира организации на Сорос и кој вели дека не, немате право да ги ставате своите интереси на прво место, продолжува тој.

-Тоа што навистина ни треба од Вашингтон е едно возрасно лице од администрација да застане и да каже, „Не, Македонците минуваат низ свој процес, тие си го познаваат уставот и да ги оставиме Македонците да го истуркаат тој процес. Тоа е она што навистина ни треба од некој висок функционер во Вашингтон.“

Со оглед на тоа што засега просечните луѓе се исклучени од процесот, тие го искажуваат своето мислење на улица.

-Тоа што е најважно за овие многу мирни собири е дека тие се обични луѓе, од млади до стари, забележува Крис Делисо. -Тоа едно едноставен, конзервативно општество на луѓе кои знаат кои се. Тие не сакаат да ги следаат како второкласни Европејци.

-Нешто мораше да се промени и „Тиранската платформа“ ги натера луѓето кои беа цинични до сега за вредноста на нивните сопствени преференции во сопствената земја да излезат на улица.

Делисо вели дека политичкот финансирање на кое тој бил сведок само ја отуѓило едната страна на земјата – поголемиот дел – и ја охрабрило друга страна да стане понеодговорна. Сум зборувал со луѓе кои работат во УСАИД и секогаш им велев или давајте еднаква средства за двете страни или воопшто не давајте. Очигледно, тие не слушаа.

Првиот дел од анализата тука

Вториот дел од анализата тука 

Третиот дел од анализата тука

Четвртиот дел од анализата тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top