Вчера во 12.00 часот во полициската станица во Кисела Вода, А.М. (47) од Скопје пријавила дека претходната вечер околу 22.00 часот, додека седела на терасата заедно со нејзиниот сосед Х.Е., а нејзиниот син Е.Х. и ќерката М.Х. биле внатре, пред нејзиниот дом се паркирале три возила.
Од возилата излегле нејзиниот сосед Д.Н. со уште десет непознати лица и почнале да викаат да излезе нејзиниот син, при што се заканувале дека ќе го убијат. Е.Х. излегол по што Д.Н. и непознатите лица физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото.
А.М. се уплашила за животот на нејзиниот син и почнала да вика и да бара помош. Во тој момент дошол нејзиниот брат Р.М. и се обидел да му помогне на Е.Х., но тие физички го нападнале удирајќи го со клоци и тупаници по главата и цело тело. Напаѓачите, исто така, ја нападнале и А.М., по што побегнале во непознат правец.
Од нападот А.М., Е.Х. и Р.М. се здобиле со телесни повреди констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.