Супермен е јунак што ги симболизира американскиот капиталистички либерализам и империјализам. Што се однесува до неговите политички преференции, тој повеќе личи на републиканец според конзервативниот карактер, кој често го манифестира по низа општествени и морални прашања, но, од друга страна, како и секој популарен херој, тој покажува солидарност со угнтетените и понижените, што го поместува кон лево од центарот и со тоа го поистоветува со демократите. Кон тоа, неговото потекло е од сосема друга планета, поточно од Криптон, што му дава аура на емигрант, но за разлика од мизерните, уплашени и беспомошни доселеници, кои со милиони се излеваа во ветената земја – САД, овој дојденец е моќен и супериорен во секој поглед во однос на граѓаните на Метрополис – градот во кој тој работи како спасител од заканувачките ситуации, а кој е очигледно аналогија на Њујорк Сити.
Супермен е идејно преземен од „натчовекот“ на Фридрих Ниче, кој беше еден од филозофите што станаа инспирација на идеолозите на националсоцијализмот во Германија. Со тоа, и концептот на „Übermensch“ на Ниче се трансформира низ машинеријата на нацистичката пропаганда во еден вид суперјунак, идеален херој, парадигматичен за доброволците во СС (Schutzstaffel).
Од друга страна, „натчовекот“ е потомок на полубоговите или боговите од древните евроазиски култури. Тор, синот Одинов (врховното божество во германскиот пантеон) е, всушност, прототип за вака вообличениот херојски мит или, пак, Еракле во древните балкански јуначки култови.
Во средновековието се изнедри митот за Крале Марко, кој подобно на Супермен, можеше да демонстрира неверојатни перформанси за човечко суштество.
Ликови со суперможности, пласирани во херојски потфати за спас на личности и на материјални добра, никнуваат во сите култури, а нивното множење се одвива правопропорционално со развитокот на популарните уметности и култура.
Хероите како Брус Ли, Спајдермен, Бетмен, Чак Норис или Фантом, се суштества што опстојуваат во зоната што се наоѓа во граничните простори меѓу реалноста и фантазијата. Премногу реални за да бидат заробени во светот на фантазијата и премногу нестварни за да бидат реални, овие ликови се постојано во можност да се појават на сцената и да ги средат работите така како што треба да бидат средени во контекстот на општоприфатениот морал и универзалниот бонтон. Всушност, така тоа дејствува во контекстот на нашето пладнување, но кога, навистина, нештата ќе тргнат наопаку, а ние сме заглавени во проблеми до гуша, нив воопшто ги нема.
Истото тоа се случува и со таканаречената „меѓународна“ заедница. Таа бандитска дружина, строго профитерски ориентирана и добро замаскирана со хуманистички образец, ќе наметне авторитет на моќник и на сезнајко и ќе фати да ви го компликува животот. Животот во општеството и во државата.
А кога ќе потонете во сите тие злонамерни глупости на „меѓународната“, неа никаде ја нема. Тогаш сите тие мршојадци ве опсервираат од сигурна далечина и фаќаат сеир. Величествени чувства на полубогови и на суперхерои им доаѓаат додека ве гледаат како се мачите во сопствениот жив песок.
Ако исчезнете, за нив е во ред. Уште еден проблем помалку. Ако преживеете и станете посилни (според таа на Ниче – „тоа што нема да ме убие ќе ме направи посилен“) ќе ве подготват за нова измама за уште едно молзење на вашите потенцијали. Со тоа ќе ви понудат и сено или зоб за да не помислите дека има такво нешто како бесплатен ручек.
Такви се законите на трговијата уште од древните дни.
Но понекогаш вреди човек да се освести и да им рече – не, на сите овие неми трговци со души. Да се извлече од калта на сопствената малодушност и да ја испроба другата страна на реалноста, во која никогаш не бил, а за која размислувал да ја посети по секоја ужасна измама и пропаст, која така, како од ракав, му ја приредувале „пријателите“ од „меѓународната“.
– Сега го гледаш – сега не го гледаш! –токму така постапуваат овие измамници кога се работи за некој значаен договор, кој никако не требало да се прекрши според нивните сугестии, договор од кој зависи мирот и стабилноста во државата, па и во регионот, што посебно заоѓа во нивните беспоговорни интереси.
Тие, наводно, ќе ве замолат фино, а вие најљубезно ќе го задоволите нивното барање. Каде тие со око, вие со скок, како најдобро издресирани пудлици.
А, потоа, ве фрлаат на депонија, патем, правејќи шеги на ваша сметка од типот колку сте глупави и прости.
Ете, така, ние коегзистираме со тие неколку манијаци и педофили што ги викаме – „меѓународната“.
Крајно време е да го отфрлиме нивниот авторитет. Тие не се никакви надлуѓе или супермени, туку обични мизерни крадци и измамници со глувчешко достоинство и плашливо его.
Ете ви ги вашите силни господари, тие хистерични мајмуни, кои без својата лажна претстава се никој и ништо, тигри од хартија и плашила од слама.
Нивните илузии за влијание и моќ за нас се колку карикатурални, толку и смешни. Ако претераат, ќе ги изметеме со метла како здодевни гадинки.
Македонските граѓани решија да си ја земат судбината во свои раце. Нивната сила е неспорна, нивните барање се правични и затоа ќе победат во оваа битка над битките.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст