| четврток, 6 декември 2018 |

Тактика за доаѓање на власт без избори: „Американски спектатор“ ја анализира работата на Сорос и на УСАИД во Македонија

Една фасцинантна статија на „Њујоркер“ од 1995 година опишува како и зошто Сорос скокна во новата независна Македонија со двете нозе, пишува во третиот дел на анализата „Американски спектатор“ под името „ Македонија до Џорџ Сорос и УСАИД – Одете си!“ како дел од поопсежната аналитичка серија „Сорос на Балканот под американско знаме“.

Неубеден од Бугарите, кои велат дека не постои такво нешто како македонска етничка група (Македонците и Бугарите зборуваат речиси на ист јазик, Македонија била контролирана од страна на Бугарија наизменично од десеттиот век до 1918 година) и огорчен од напорите на грчката влада да ја избрише оваа мала земја во врска со нејзиното име (Атина си замислува дека Македонија има територијални аспирации за нејзиниот северен регион, познат како Македонија), Сорос беше вљубен во првиот посткомунистички претседател на државата, Киро Глигоров, кој се избори за независноста на земјата.

Со значително албанско малцинство од околу 25% од населението (во најмала рака, тоа беше процентот во 2002 година, кога беше спроведен последниот попис), Сорос сметал дека Македонија е важен пример за одржлива мултиетничка нација во регионот, каде што етничката припадност пеколно беше употребувана како оружје. Почетните програми на фондацијата биле фокусирани на меѓуетничките односи и развојот на медиумите, а потоа се проширија за да ги вклучат страстите на Сорос како што ЛГБТ-активизмот и правата на сексуалните работнички, малцинските гледишта со мала поддршка кај народот во земјата каде што мнозинството е тивко посветено на Македонската православна црквата, која сѐ уште е во спор со Српската православна црква.

Сорос не можеше да ги спроведува своите главни политики додека ВМРО беше на власт. Откако беа на чело на законодавната власт во 1992-1998 и 2002-2006 година, социјалистите загубија на парламентарните избори во 2006 и 2008 година. По изборите во 2011 година тие предизвикаа парламентарна криза која донесе предвремени избори. СДСМ ја увиде предноста од користење на заплашувачки тактики за да дојде повторно на власт и се сврте кон своите пријатели во светот на граѓанското општество за долгорочна стратегија.

Како што новинарката од „Њујоркер“, Кони Брук, забележи пред 20 години, „Проблемот со Сорос е крајноста на неговите ставови – неговата тенденција да ја разубави една страна, а да демонизира другата – и начинот на кој тоа се одразува на неговиот активизам“.

Уредникот во Македонската информативна агенција, Цветин Чилиманов (38), гледал како ФООМ ја разубавуваше СДСМ, а ја демонизирање ВМРО.

-Фондацијата на Сорос отсекогаш бил пристрасна, но целосно ја поддржа Социјалдемократската партија во текот на последните четири или пет години -објаснува Чилиманов.

-Многу отворено, до таму што околу 50 групи финансирани од Сорос редовно се состануваат со претставници на СДСМ; тие  го нарекуваат тоа коалиција помеѓу партијата и граѓаните, организација на заеднички протести, координирање поенти и координирање заеднички позиции за напад на конзервативците.

-Се работи за петгодишна кампања за соборување на конзервативната влада – вели Чилиманов, временска рамка што се совпаѓа со договорот за соработка на УСАИД со ФООМ од 2012 година за поттикнување граѓански активизам, локални акции и поголема мобилизација на граѓанските организации. За да се обезбедат насоки, ФООМ го преведе прирачникот „Правила за радикалите“ на Саул Алински во кој се промовираат социјални промени преку конфликт – потврди Чилиманов.

Еден документ на ФООМ од 2014 година што протече во јавноста минатата година нуди мал прозорец кон субјекти на Сорос што добивале средства од Владата на САД: Метаморфозис, фондација основана од ФООМ во 1999 година и финансиран од Сорос се наведува дека добивала средства од Владата на САД преку три канали, УСАИД, Амбасадата на САД, како и Националниот фонд за демократија (НЕД).

Што точно прави оваа група? Само Бог знае. На веб-страница стои, „Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Наши главни вредности се отвореност, еднаквост и слобода“. Значи, тие прават што сакаат со нашите пари, а тоа мора да е успех, бидејќи Метаморфозис е една од четирите локални групи, вклучувајќи ја и ФООМ, што добија 9,5 милиони долари од УСАИД минатата година.

-Пред десет години, УСАИД беше нормална организација што ги поддржуваше училиштата и системите за водоснабдување, забележа пратеникот што беше во посета на Вашингтон. -Под идеолошките програми на Обама, таа стана супер шанса на левицата.

Сето тоа е богата шега на американските даночни обврзници: како што се одлеваа милиони долари на деструктивните проекти Сорос во странство, тој го измами и американското Министерство за финансии: Во 2015 година беше објавено дека Џорџ Сорос и’ должи околу 6,7 милијарди долари на Службата за внатрешни приходи и дека не постои доказ дека тој некогаш го подмирил долгот.

Минатиот месец „Џудишал воч“ поднесе барање по „Актот заслобода на информации“ до Стејт департментот да ја испита поврзаноста меѓу Сорос, УСАИД и Американската Амбасадата: Во документот се наведени 29 организации, клонови на Сорос, кои ја имплементирале стратегијата на Сорос и Владата на САД.

Првиот дел од анализата прочитајте ја тука

Вториот дел од анализата прочитајте ја тука

Четвртиот дел од анализата тука

Петтиот дел од анализата тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top