Поранешниот египетски претседарел Хосни Мубарак е ослободен од притвор, шест години откако беше симнат од власт.
-Мубарак ја напушти воената болница во јужниот дел на Каиро и отиде во својот дом во северното предградие на Хелиополис, изјави неговиот адвокат.
Одлуката за прекин на притворот беше донесена претходно овој месец, откако главниот апелационен суд на Египет го ослободи од обвинение за смртта на демонстрантите во нередите во 2011 година, пренесува BBC.
Мубарак (88), стана претседател во 1981 година, по атентатот врз Анвар Садат.
Поранешниот претседател беше сместен во воената болница во Маади во 2013 година, кога беше префрлен таму од затворот Тора.
Тој беше осуден на доживотен затвор откако судот во 2012 година го прогласи за виновен, за соучесништво во убиства на демонстранти.
Потоа имаше нов судски процес, и судијата во мај 2015 одреди дека Мубарак би можел да биде ослободен од притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст