Во анализата објавена во „Американски спектатор“: Македонија до Џорџ Сорос и УСАИД- Одете си!, авторот пренесува сознанија здобиени во земјава за тоа дека вербата во победата на на Хилари Клинтон на американските избори, во делот „порака до Трамп“ пишува за фузијата меѓу Сорос и Владата на САД до 2021 година!
-Сорос беше Клинтон и Клинтон беше Сорос на Балканот, објаснува вознемирен македонски пратеник, член на Демохристијанската партија ВМРО-ДПМНЕ (попозната како ВМРО).
-Сорос беше Обама и Обама беше Сорос, додаде пратеникот, кој побара да остане анонимен.
Тој извади еден куп документи на масата пред мене, сакајќи да објасни две добро документирани работи: прво, Македонија, единствената земја што си замина од Југославија без војна, во последните 11 години е под водство на владата на ВМРО која се залага за раст, ниски даноци и семејни вредности.
Македонија во моментов е рангирана на 10-то место во извештајот на Светска банка според условите за водење бизнис, на повисоко место од сите други земји од Централна и Источна Европа – и само две места подолу од САД. Пред пет години, „Фајненшл тајмс“ го пофали ВМРО за воведување на рамен данок на лични и корпоративни даноци од 10 %, што е најнизок во Европа.
Покрај тоа што е фискално конзервативна, нацијата од 2,1 милиони жители е социјално конзервативна. Македонија е единствената европска земја каде што се заострија рестрикциите за абортус. Од 2013 година, кога една жена сака да абортира прво треба да помине низ период на чекање и лично советување; Владата води кампања на јавниот сервис наречена „Избери живот!”
-Станавме цел на Сорос затоа што сме конзервативна нација, истакна политичарот.
ВМРО-ДПМНЕ се однесува на Внатрешната македонска револуционерната организација (ВМРО), движење што се појавило во 1893 година за автономија во рамките на Отоманската империја, кое во 1990 година прераснува во Демократска партија за македонско национално единство (ДПМНЕ), кога беше основана централно-десничарска партија во новата независна Македонија.
Второ, како што покажуваат документите на пратеникот, наместо да аплаудираат за напредокот на Македонија – или барем, да го остават на мира – програмите финансирани од САД предизвикаа насилство и етнички поделби, предизвикувајќи политичка криза од 2015 година, како и зајакнување на единствениот политички ривал на ВМРО, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), социјалистичка партија предводена од Зоран Заев, кој има блиски врски со Соросовата мрежа што се протега надвор од неговата татковина.
-И се’ уште трае, и покрај новата администрација!, рече пратеникот на возраст од околу 40-тина години, мавтајќи со копија на барање за грантови од Сорос / УСАИД пред моето лице.
-Чекајќи го крунисувањето на Хилари Клинтон, тие ја продолжија оваа фузија меѓу Сорос и Владата на САД до 2021 година!
Повикувајќи ме да размислам што значи Сорос да истура годишен буџет од 6-7 милиони евра во Македонија, земја со околу два милиони луѓе, загрижениот човек го привлече вниманието од соседните маси кога викна со повисок тон „Тие ја уништуваат мојата земја!“
Надевајќи се дека мојот нов пријател претерува, контактирав неколку паметни, разумни, конзервативни аналитичари во Македонија и неколку во САД кои патуваат таму често. Сите се согласуваат: Не само што САД играле негативни, контрапродуктивни игри во Македонија, тие велат дека нашата надворешна политика ја дестабилизира земјата и промовира исламскиот екстремизам.
Целите на САД се толку непријатни за мнозинството православно население што многумина почнуваат да гледаат кон Русија како поблагонаклонет христијански сојузник.
Првиот дел од анализата прочитајте го тука.
Третиот дел од анализата прочитајте го тука
Четвртиот дел од анализата тука
Петтиот дел од анализата тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.