| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија до Џорџ Сорос и УСАИД – Одете си!: Анализа во „Американски спектатор“

 

Малaта, но моќна Македонија оваа година му објави војна на Џорџ Сорос (86) и неговите послушници од американската влада кои финансирале левичарска агенда за да се подели нацијата и да се донесе социјалистичко-муслиманска коалиција на власт, пишува угледниот „Американски Спектатор“.

Тоа беше еден вид манипулација од администрацијата на Обама, која беше толку рутинска што помина незабележано во 2012 година кога УСАИД / Скопје и’ додели на соросовата Фондација Отворено oпштество – Македонија (ФООМ) 2,5 милиони долари од даночни обврзници за оксиморонска „изградба на демократијата“, износ што се зголеми на 4,8 милиони долари две години подоцна.

Фондацијата Отворено општество – Македонија е партнер на УСАИД за регрутирање кандидати за грантови за поддршка на младите – документите за концептот требaше да се приложат пет дена по инаугурацијата на Доналд Трамп. Тоа е некој дел од 9,5 милиони долари, пет години непотребен „граѓански ангажман“ што започна минатата година, што сигурно ќе се стопира ако Стејт департментот предводен од Тилерсон поинтензивно поработи на тоа прашање.

soros text 1

Судирот меѓу унгарско-американскиот милијардер и САД против националните интереси на Македонија е изложен на веб-страницата, StopSoros.mk, која беше формирана кон крајот на јануари од неколку новинари во Скопје, главниот град и, патем, родното место на Мајка Тереза.

Во последните три недели, инспирирани од револуцијата Трамп, десетици илјади Македонци одржуваат мирни протести за национално единство, крај на хаосот создаден од Сорос / УСАИД и отстранување на американскиот амбасадор. Еден од најчестите постери е црно-белиот „Не за соросова влада“.

Маката на Македонија го привлече вниманието на Капитол хил: на 17 јануари шест републикански конгресмени побараа објаснување од американскиот амбасадор Џес Бејли за вознемирувачките извештаи дека Мисијата на САД активно интервенирала во домашната политика за да се промовираат партии, медиуми и граѓански здруженија на левицата. Тие, исто така, испратија писмо до американската Канцеларија за одговорност на Владата (институција со поголеми  ингеренции од Државниот завод за ревизија) во кое бараат да се поведе истрага. Минатата недела, шест републикански сенатори испратија слично писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

За жал, конзервативните пратеници од Македонија имаат проблеми со наоѓање соговорници од администрација што ќе ги слушнaт нивните поплаки – иако неколкумина долетаа до Вашингтон во текот на последните три недели за да го информираат секој што сака да ги слушне. (Тие сметаат дека УСАИД е крајно изгубена кауза.)

Вториот дел од анализата тука

Третиот дел од анализата тука

Четвртиот дел од анализата тука

Петтиот дел од анализата тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top