| четврток, 6 декември 2018 |

Берово – град на културата за 2017 година: За Велигден и за 1 Мај голем андерграунд фестивал

„Mayday Festival“ се враќа во полн сјај. Автентичниот поглед на андерграунд културата во 2017 ќе го примаме во двојна доза, со многу повеќе задоволство. По силниот старт од минатата година во Берово, „Mayday Festival“ во 2017 првиот „мајски ден“ ќе го доживееме на 16 април, викендот за Велигден, со нови артисти од највисок ранг за ценителите и фановите на техно и хаус идеологијата, под насловот „Mayday Easter“.
Втората епизода на задоволство „Mayday Spring Sensation“ ќе започне на 30 април малку пред полноќ, за да го дочекаме мај со вистинска пролетна сензација и воодушевување.

13243728_600739173418628_2989050489121137344_o

За локација на настанот и овој пат погледот го вртиме кај спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово која што располага со капацитет и можности да ги собере сите фанови на фестивалот. Оваа година, лајнапот ќе биде доста поголем и поагресивен. За фестивалот веќе се букирани најдобрите техно и хаус артисти од регионат (Stefan Popov –Yalta Bulgaria, Nikifor, Flooder и Micajkov, Artivulaee, а како звезда на фестивалот организаторите го најавуваат гостувањето на еден од најдобрите tech house млади артисти во Европа (Franz Costa-Solid Grooves- Italy)

И ова издание ќе биде запаметено по сценичениот перформанс на клубските танчери, кој му додаваат дополнителна доза футуристичко задоволство на фестивалот.

Технички фестивалот ќе биде продуциран на највисоко ниво, најдобриот звучен систем на JBL, светло и лед визуелна илустрација.

Влезот на второто издание на фестивалот повторно ќе биде слободен за сите жители и гости на градот. Но овојпат, заради огромниот интерес и големата посетенос која што Берово ја има за двата продолжени викенди за Велигден и 1-ви Мај влезот ќе биде достапен со предходна направена резервација и листа на гости.

Фестивалот е дел од програмата Берово град на културата во 2017 година.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top