| четврток, 6 декември 2018 |

Србите не прифаќаат извинување од НАТО, денеска годишнина од бомбардирањето

Мнозинство граѓани на Србија не прифаќаат извинување од НАТО поради бомбардирањето на државата пред 18 години и се противат на влез во Алијансата, покажува анкета од Институтот за европски работи.

Извинување поради бомбардирањето не прифаќаат 64 отсто анкетирани додека против членство во НАТО се 84 отсто испитаници. Членство поддржуваат само 11 отсто, додека пет отсто се неопределени.

Извинување од НАТО прифаќаат помалку од една третина жители на Србија.

Помалку од 40 отсто сметаат дека главна причина за бомбардирањето е политиката на Слободан Милошевиќ, 17,6 отсто тврдат дека е причина етничкото чистење на Србите во Косово, 11,3 наведуваат политички интереси додека седум отсто не знаат да наведат која било причина, јави „Танјуг“.

На денешен ден пред 18 години авиони на НАТО почнаа операции за бомбардирање на СР Југославија, првпат од формирањето на Алијансата, без согласност од СБ на ОН. Во воздушните напади што траеја 78 дена загинаа најмалку 2.500 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top