| четврток, 6 декември 2018 |

Капоте доживеа тешка сообраќајка, можно е предвреме да ја заврши кариерата

kapote

Најдобриот катарски ракометен репрезентативец, Рафаел Капоте, се соочува со опасност предвреме да ја заврши кариерата по тешката сообраќајна несреќа во која беше вклучен „ракометниот бомбардер“.

Ракометните медиуми откриваат дека Капоте бил вклучен во сообраќајна несреќа во која настрадал неговиот рбет. Иако во прв момент постоеле стравувања дека Кубанецот со катарски пасош би можел да остане и неподвижен, неговата извонредна физичка подготвеност помогнала повредите да не бидат уште потешки.

Информациите од Катар велат дека тој наскоро во Доха ќе почне да работи со врвен неврохирург, кој гарантирал дека ќе успее да го оспособи Капоте да се врати на терените. Едно е сигурно, тој ќе биде „во аут“ најмалку шест месеци, а песимистите се сомневаат дека по така сериозни повреди Капоте би можел повторно да игра ракомет.

Токму во тој правец се и шпекулациите дека Катарците наскоро би можеле да го доведат „вардарецот“ Вуко Борозан во својата репрезентација, откако црногорскиот интернационалец вчера и официјално објави дека повеќе нема да настапува за својата татковина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top