| четврток, 6 декември 2018 |

Намалени јавниот и државниот долг поради раст на БДП за 452 милиони евра

Државниот и јавниот долг се намалени по ревидирањето на бруто-домашниот производ, објави на својата веб страна Министерството за финансии.

Согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика вредноста на БДП за 2016 година е зголемена на 9,862 милијарди евра односно е повисока за 452 милиони евра.

Согласно овие податоци државниот долг изнесува 39,1 проценти од БДП, што претставува намалување за 1,8 процентни поени, додека јавниот долг е помал за 2,3 процентни поени и изнесува 47,8 отсто од БДП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top