| четврток, 6 декември 2018 |

Русија одбива да учествува на Евросонгот преку сателитски пренос

Рускиот „Канал 1“ ја одби понудата од организаторите на Евровизија – руската пејачка Јулија Самојлова да учествува на натпреварот „оддалеку“, односно преку сателит, откако Украина ѝ забрани на годинешната руска претставничка влез во земјата.

– Понудата за учество од далечина ја сметаме за чудна и ја отфрламе оти апсолутно се коси со самата суштина на тој настан – гласи ставот на руската државна телевизија.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) вчера ѝ понуди на Самојлова можност да учествува на Евросонгот во Киев, но нејзиниот настап да се пренесува преку сателит.

– ЕБУ вложи напори да пронајде решение за настанатата ситуација и одлучи да испрати понуди до Првиот канал на Русија – Јулија да учествува во годинешниот Евросонг по пат на директно вклучување во второто полуфинале преку сателит. Доколку би се квалификувала во финалето, и за тој дел од натпреварувањето би важел истиот принцип – стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top