| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на Светскиот ден на туберкулозата

Под мотото „Здружени да ја елиминираме туберкулозата – никој да не биде заборавен“ денеска во Македонија се одбележува 24 март – Светскиот ден на туберкулозата.

По тој повод ќе се одржи прес-конференција и тркалезна маса на која ќе дискутираат експерти и претставници од граѓанскиот сектор кои директно работат со оваа проблематика и даваат придонес во превенција и елиминација на туберкулозата.

Организатори се Националниот координативен механизам и Институтот за белодробни заболувања со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите подржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top