Универзитетскиот професор Александар Даштевски зборувајќи за актуелната состојба и развојот на настаните откако вчера беше избран составот на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата, ги најави следните чекори што ќе бидат преземени в понеделник, за кога е закажано продолжението на конститутивната седница.
-Закажана е седница за понеделник на која треба да се избере таа комисија и за претседател да биде избран Илија Димовски, со тоа што после ќе се повлече комисијата и ќе дискутира за претседател на Собранието, односно ќе ги утврдува предлозите кои ќе ги предложат партиите. Може да предложи секој по еден или повеќе пратеници кои би биле претседатели на парламентот – рече во „Аргументи“ универзитетскиот професор Александар Даштевски.
Даштевски ги повтори нашите информации дека Оливер Спасовски ќе биде избран за претседател на Собранието, а по формирање на влада тој ќе стане министер за внатрешни работи, а местото ќе му го отстапи на Талат Џафери од ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст