| четврток, 6 декември 2018 |

Во Европа славеле 25-годишнина од бракот-ова е третата жртва на терористот од Лондон

Идентификувана е и третата жртва во вчерашниот терористички напад на Лондон, во кој напаѓачот со автомобил удирал пешаци на “Вестминстерскиот мост”, избодел полицаец, а на крај бил застрелан од полицијата.
зртва

Откако било објавено дека меѓу загинатите се 48-годишниот полицаец Кит Палмер и 43-годишната наставничка Аиша Фраде, доаѓа вест и за идентитетот на третата жртва на овој напад. Станува збор за американски турист, 54-годишниот Курт Кошран од Јута.
Курт загинал, а неговата сопруга Мелиса е тешко повредена, и моментално се наоѓа во болница со скршена нога, ребро и исекотини на главата.

Се јавил нејзиниот брат Клинт Пејн, кој вели дека целото семејство е потресено поради смртта на Курт.
-Курт беше добар човек и одличен сопруг на нашата ќерка и сестра Мелиса. Во Европа ја славеа 25-годишнината од бракот, а требаше да се вратат во САД во четврток. Мелиса во нападот се здобила со тешки повреди и за неа се грижат во болница. Благодарни сме им на сите служби и медицинскиот персонал кој се грижи за неа. Ве молиме да се молите за Мелиса и за нашето семејство. Курт ќе ни недостасува многу, и ве молиме за приватност додека тагуваме- рекол тој за BBC.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top