| четврток, 6 декември 2018 |

Масовен протест во Крива Паланка

Отфрлање на тиранската платформа и зачувување на единствена и унитарна Македонија се барањата на поддржувачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, искажани и вечерва по 13-ти пат во Крива Паланка.

Граѓаните масовно излегоа на улиците, движејќи се низ старата градска чаршија, долж главната улица „свети Јоаким Осоговски“ до плоштадот „Карпошово востание“ кај зградата на локалната самоуправа.

На мирниот протестен марш изглегоа и голем број Роми од општината кои порачаа дека се граѓани на Македонија и оти ги уживаат сите права. Според нив, никој не треба да прави посебна платформа за посебни права.

Граѓаните мирно се разотидоа и најавија нов собир утревечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top