Многу билки кои растат на овие простои, не се толку познати по лековитите својства, само затоа што се употребуваат за некои други индустриски цели. Тоа е случај и со белата дудинка. Ова дрво се користи за градење, а плодот за исхрана на свилените бубачки. Но дудинките се многу здрави и помагаат кај многу тешки болести, меѓу кои се и дијабетес, срцеви болести, па дури и тумор.
Белата дудинка содржи органски киселини, изобилува со витамин Ц, каротин, пектин, влакна, инвертирани шеќери, смола… Овие активни состојки помагаат при воспалени крајници, за третирање кашлица, грозница, пролив, главоболка и разни воспаленија.
Исто така е и богата со антиоксиданси, а со редовната употреба се намалува холестеролот во крвта, па помага дури и кај срцевите болести. Се користи како народен лек против дијабетес тип 2, бидејќи листот содржи супстанции кои го нормализираат нивото на шеќер во крвта.
извор: најади се
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


