| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е вистинското лице на Сиа: Папараците ја фотографираа на аеродром (галерија)

Популарната пејачка и ултра талентирана музичарка, Сиа, светот ја знае како девојката со периката која речиси и никогаш не го покажува своето лице. Поради тоа, нејзините обожаватели предизвикуваат вистински хаос кога таа ќе се појави без нејзините додатоци и ќе покаже како всушност изгледа.

vistinskoto-lice-na-sia-268301

Токму тоа се случи неодамна на аеродромот во Лос Анџелес каде што таа се појави во стилска спортска комбинација со свежо лице и супер фризура како никогаш досега.

Облечена во тренерки Кензо и едноставна куса блузичка и бели патики, таа се упати кон аеродромот од каде треба да полета за Дубаи каде оваа сабота треба да одржи концерт.

vistinskoto-lice-na-sia-268302

Она што медиумите го забележаа е нејзиното неверојатно свежо лице за кое најверојатно во некоја мера се погрижиле пластични хирурзи, но сепак, пејачката навистина изгледаше подобро од кога и да е.

Имено, во декември минатата година таа соопшти дека се разведува од нејзиниот сопруг Ерик Андерс Ланг со кој беше во брак две години.

vistinskoto-lice-na-sia-268310

Во изјава за медиумите, таа посочи дека и двајцата сакаат добро да размислат за одлуката, но и дека што и да се случи, ќе останат пријатели.

Таа е позната во светот како една од ретките пејачки кои постојано го покриваат своето лице без разлика дали станува збор за јавни појавувања, настапи или гостувања во емисии.

vistinskoto-lice-na-sia-268308

Во неколку интервјуа, таа ќе каже дека едвај успеала да се избори со сите „лоши демони“ што ја окружувале во годините кога таа страдала од депресија и била во секојдневна борба со алкохолот и дрогата.

Пред некое време таа соопшти дека денеска добро се соочува со депресијата и дека подолго време е трезна на што е особено горда.

Последно од неа можевме да ја слушнеме соработката со Пинк, но и одличната музика што таа ја направи за неверојатниот филм „Lion“ кој беше номиниран и за Оскар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top