Фудбалерот од средниот ред на Монако, Тимуе Бакајоко, од следната сезона најверојатно ќе го засили англискиот премиерлигаш Челси. Тој е една од желбите на менаџерот Антонио Конте кој веќе почна да крои планови за новите засилувања кои би пристигнале на „Стемфорд бриџ“ во летниот преоден рок, за зголемување на конкуренцијата во тимот во пресрет на настапот во Лигата на шампионите.
Бакајоко игра одлична сезона во Монако, а доби повик и во националниот тим на Франција, и тоа како замена за повредениот Пол Погба. Може да игра на неколку позиции во средниот ред, а се карактеризира со цврстина во играта во одбрана, што секако ги задоволува вкусовите на Антонио Конте. Според некои медиуми на Островот, Бакајоко ги договорил личните услови со Челси, а сега останува лондонскиот клуб во летниот преоден рок да испрати и официјална понуда до Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент