| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина загинати, повеќе од 40 повредени: Teрористички напад во Лондон (ФОТО)

Пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени, во терористичкиот напад кој вчера се случи во Лондон на мостот „Вестминистер“ во реонот на Парламентот. Нападот почна на мостот, каде што маж облечен во црно удри со автомобил во цивили, а потоа се упати кон Парламентот на Британија, при што повреди полицаец пред да биде ликвидиран. Поради нападот, британските парламентарци останаа со часови блокирани во Парламентот.

9491e740ce7a7dc2cf92

Меѓу загинатите лица се полицаецот што се обиде да го спречи терористот да влезе во Парламентот, тројца цивили и напаѓачот, кој беше ликвидиран во близина на нападот.

1

Според Марк Роули, командант на единицата за борба со тероризам во Скотланд јард, седуммина од повредените се во критична состојба.

_95274315_crews_bridge_getty

– Нема да давам коментари за идентитетот на напаѓачот. Но, ние даваме приоритет на верзијата дека е можно да бил инспириран од исламистички тероризам – изјави Роули.

_95271224_parl_ap

Британската полиција денеска соопшти дека во врска со нападот се уапсени седум луѓе, а на шест локации е извршен претрес. Првичните информации наведуваат на тоа дека напаѓачот дејствувал сам инспириран од меѓународен тероризам.

36131594358d2d06f33c75143545502_v4_big

Објавена фотографија од напаѓачот

Мерките за безбедност во Велика Британија ќе бидат засилени во следните денови. Дополнителни вооружени полицајци ќе бидат распоредени по улиците.

Меѓу повредените се и тинејџери од Франција, кои биле на екскурзија во Лондон, две лица од Романија и петмина од Јужна Кореја.

_95273871_armed_inside_alison_baskerv

Британската полиција соопшти дека во следните денови по улиците на британските градови ќе бидат распоредени дополнителен број вооружени полицајци.

_95271611_armed_police_epa

Британската премиерка Тереза Меј го осуди нападот оквалификувајќи го како „болен и изопачен“ додавајќи дека изборот на локацијата за напад не е случаен.

– Терористите намерно избраа да удрат во срцето на нашата престолнина каде што има луѓе од сите националности, вери и култури, кои доаѓаат да слават слобода, демократија и други вредности – рече таа.

napad12312

– Секаков обид да се поразат тие вредности со насилство е осуден на пропаст – нагласи Меј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top