| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање среде центарот на Белград – ранет сопственик на телевизија

Во хотелот „Праг“ на улицата Кралица Наталија 27 во Белград вечерва дошло до пукање во кој е ранет Предраг Ранковиќ Пецони.

Како што дознава српски Блиц, тој се здобил со прострелна рана во ногата и со возило на Итна помош бил превезен во Ургентниот центар.

Според, неофицијални информации во него пукал долгогодишен соработник.

Истите извори тврдат дека жртвата е погодена неколку пати, но не е животно загрозена. Инаку, жртвата Предраг Ранковиќ Пецони е познат српски бизнисмен и сопственик на компанијата Инвеј и на телевизијата Хепи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top