| четврток, 6 декември 2018 |

Пораки на солидарност и поддршка за Велика Британија

Европските лидери изразија поддршка и солидарност со Велика Британија по нападот пред британскиот Парламент, а поранешниот британски премиер Дејвид Камерон порача дека никогаш нема да победат тие кои со „варварски методи“ се обидуваат да ја нападнат демократијата на земјата.

– Моите мисили се со семејствата на повредените и убиените. Оние кои се обидуваат да ја нападнат нашата демократија со варварски методи никогаш нема да победат, напиша Камерон на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер напиша дека неговите мисили се со жртвите од нападот.

– Европа цврсто стои со Велика Британија против тероризмот и е подготвена да помогне, порача Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел посочи дека со тага ја примила веста за денешниот инцидент во Лондон и оти нејзините мисли се со „британските пријатели и сите граѓани на Лондон“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази загриженост, а министерот за внатрешни работи Матијас Фекл наведе дека Франција е подготвена да помогне.

– Франција, која беше мета на тешки напади во последно време, знае дека британскиот народ денеска страда, посочи Оланд.

Портпаролката на Европската комисија Мина Андреева на Твитер напиша: „Сите сме жртви на нападот во Лондон. Многу сум емотивна денеска. Немам доволно зборови да изразам што чувствувам“.

Претседаталот на САД, Доналд Трамп телефонски разговараше со британската премиерка Тереза Меј по нападот во Лондон, а американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го осуди инцидентот и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top