Познатиот рапер Вајклиф Џин ни крив ни должен заврши со лисици на рацете откако Полицијата на Лос Анџелес (ЛАПД) го смеша со крадец.
Својот бес кон органите на законот, Џин го изрази на социјалните мрежи во придружен коментар до снимка од настанот.
– Уште еден случај во кој полицијата го погреши човекот. Црн маж со црвена шамија ограбил бензинска додека јас работев во студио, но мене ме уапсија?, напиша хип-хоп ѕвездата на Твитер.
– Едноставно ја зeдoа мојата хаиќанска шамија. Еве што моментно му се случува на Вајклив во Л.А. Полицијата ми става лисици апсолутно за ништо, вели во коментарите натаму.
Во меѓувреме, ЛАПД му испрати официјално извинување на раперот, јави „ЦБС Лос Анџелес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст