| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани со порака: Не ни треба платформа од надвор, аманет ни е оставен да ја браниме Македонија!

Граѓани на Охрид и попладнево се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

ohrid2-1-640x355

Во име на учесниците на протестот говореше Елена Гули, правнука на славниот илинденски војвода Питу Гули, која ги повика сите Македонци да излезат на улиците и да ја изразат поддршката кон татковината.

– Секој да излезе надвор и да покажеме колку сме. Не ни треба платформа однадвор, да си ја браниме државата што со крв е спечалена, што ни ја оставија нашите дедовци, прадедовци. Аманет ни е оставен да ја браниме Македонија, доста е со нејзини поделби, рече таа, изразувајќи поддршка за претседателот Ѓорѓе Иванов за кој рече дека застанал на браникот на татковината.

ohrid-2-640x355

Група средношколци од Охрид претпладнето излегоа да протестираат за, како што рекоа, зачувување на унитарноста на државата и јазикот и заштита на националните интереси.

Тие прво се упатија кон дворот на охридската гимназија, а потоа и кон средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“, со повик до своите врсници да се придружат кон протестот. Откако тоа не се случи, тие со полициска придружба продефилираа низ улиците во центарот на градот и чаршијата, од каде се упатија кон плоштадот „Св. Климент Охридски“ за по кусо време да се разотидат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top