Непознат напаѓач со автомобил покосил десетина луѓе на мостот Вестминистер во Лондон, а потоа со нож ранил полицаец на влез во Парламентот на Велика Британија, јавуваат медиумите на таа земја.
Иако на почетокот се мислело дека се работи за два одделни инциденти, новинарката на „Дојче веле“ јавува дека само едно лице е одговорно за двата драматични моменти. Напаѓачот е ранет.
Полицијата ја блокирала околината и додаде дека овој напад се третира како „терористички чин“ се додека не се докаже спротивното.
Засега мотивите не се познати.
Агенцијата „Ројтерс“ објавува дека има „десетина повредени’ и дека на улицата лежат „неколку луѓе кои крварат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст