Лидерот на СДСМ Зоран Заев, против кого Основното јавно обвинителство отвори случај за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања, денеска изјави дека како политичка партија целосно го следеле законот во однос на собирањето и трошењето средства и организирањето кампања.
– Денеска имаме закажано можност за увид во доказите коишто Јавното обвинителство ги има обезбедено. Се работи за кампањата 2016 година, за изборите коишто се одржаа на 11 декември. Апсолутно нема ништо што претставува некаков проблем или каква било резерва од наша страна, изјави Заев.
Тој посочи дека од денешниот увид во доказите ќе види за што се сомничи заедно со уште едно вработено лице во партијата и СДСМ како партија.
– Ќе ги направиме сите постапки поврзани со увидот во доказите и согласно тоа ќе ја подготвиме и нашата одбрана. Благовремено, преку вас медиумите, граѓаните ќе бидат информирани за сите детали, за она што е дозволено во текот на истрагата, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст