| четврток, 6 декември 2018 |

Координативната седница во Парламентот е одложена за утре

Координативната седница во Собранието е одложена за утре во 12 часот, откако ниту по паузата парламентарните политички партии не постигнаа договор за претседател на собраниската Комисија за избори и за именување.

Изборот на претседател на Комисијата е основа за закажување на продолжението на конститутивната седница на Собранието, на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом.

Вчера партиите се договорија само околу бројот на членови на Комисијата, односно ВМРО-ДПМНЕ да има шест членови, СДСМ – пет, а по еден член ќе имаат ДУИ и Беса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top