Три лица се тешко повредени, од кои двајца мотоциклисти се задржани во болница, вчера во две сообраќајки во кои учествувале мотоцикли.
Во 18.20 часот во Велес, на ул. „Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна незгода во која седумнаесетгодишник од Велес, управувајќи мотоцикл „херц 200 цм3“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во бетонски sид. Во незгодата возачот и, исто така, седумнаесетгодишниот сопатник од Велес се здобиле со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавната здравствена установа Велес, но поради сериозноста на повредите, возачот бил пренесен во КАРИЛ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.