Над 10 проценти од населението на Македонија е секојдневно на улиците во Скопје и во уште 40-тина гардови во внатрешноста и тоа е фактор кој никој не може, ниту пак смее да го игнорира, вели Александар Пандов, за емисијата Круг на Радио Слободна Македонија.
Пандов потенцира дека за да на европските политичари им се долови штетноста и опасноста на тоа што значи платформата потпишана и составена во Тирана, посочува дека тие треба тоа да го анализираат низ примери во Европа. Тој на пример прашува како Полска би реагирала, ако Меркел создаде сегерманска платформа со која би барала и јазична и секаква заштита на Германците кои живеат во Полска, или која било друга држава во Европа.
– Дали тогаш полскиот Претседател, парламент, Влада би прифатиле такво нешто. Како тие би реагирале, прашува Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.