| четврток, 6 декември 2018 |

Тато велеше ќе ја суреди пред да се разведат: Потресно сведочење на ќерката на Ратко кој ја задави сопругата, па се обеси

ubistvo-andjelkovici-foto-s-tasic-ok-radio-1

55- годишниот Ратко Анѓелковиќ, во саботата вечер во Владичин Хан, ја задавил неговата сопруга 42- годишната Мира, а потоа и во неговото родно село се обесил.

Според сведочењето на 22- годишната Ана,нивната ќерка, на несреќата и претходела расправа помеѓу нејзините родители, која заполнала во саботата предпладне.

-Бевме поканети, фамилијарно да одиме кај пријатели кои го прославуваа првиот роденден на своето дете. Мама отиде на фризер за да се среди, што многу го налути татко ми и и велеше дека не може да оди на прославата и почна да се расправа со неа. Иако живееја заедно, тие беа разделени, а во понеделник требаше и официјално да се разведат, а тато секогаш велеше дека ќе ја суреди пред да се разведе од него – вели Ана.

-Ние во неколку наврати го пријавувавме во полиција поради тие закани, но ништо не се случи – се сеќава постарата ќерка.

ubistvo-andjelkovici-foto-s-tasic-ok-radio-5

На роденденот сепак отишле сите заедно и супер си поминале и не се ни надевала на вакла трагедија.

Во еден момент тие двајцата станаа и заедно се упатија дома, а јас отидов во град, па вечерта се јави тетка ми и ми кажа што се случило.Кога отидов дома насекаде имаше крв, мама најверојатно се бранела.Јас не ги затекнав мртви но по тоа што затекнав во куќата, се чинеше како да настанала тепачка и многу ме чуди како соседите не слушнале ништо и не изреагирале на време- вели Ана

-Во кујната на маса сеуште стоеше вечерата, очигледно, седнале да јадат па настанала расправија.

Таа вели дека нејзиниот татко бил многу љубоморен и дека често правел љубоморни сцени на нејзината мајка, бранејќи и да работи во супермаркетот и велејќи и  дека местото и е дома.

-Незнам како ќе продолжиме понатаму, и јас истотака работам во супермаркет каде што работеше мајка ми, а мојата помала сестра е на студии во Ниш кои најверојатно ќе мора да ги прекине, зошто нема кој да ни помага со финансии- раскажала Ана.

Сестра ми е моментално во шок, кога дозна што се случило се онесвести, и сега моментално е кај нашата тетка-вели таа

Ратко често ја тепал сопругата, но со текот на времето тоа се намалило па тој почнал ментално да ја малтретира, па Мира неможела повеќе да издржи и поварала развод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top