| четврток, 6 декември 2018 |

Лина загуби во маратанскиот меч на стартот на турнирот во Калјари

lina gjorceska

По пауза од скоро два месеци нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се врати на тениските терени, но за жал со пораз уште на стартот на ИТФ турнирот во Калјари. Во првото коло по маратонски меч кој траеше скоро три часа, Лина беше поразена од младата 17-годишна тенисерка од Украина, Катарина Заветска со 2-1 (6-3, 4-6, 7-6) во сетови.

Тетовчанката бавно го започна денешниот дуел и првиот сет ѝ избега од раце во клучниот седми гем, кога Украинката направи брејк за водство од 4-3, па со мирен сервис и уште еден брејк го доби истиот со 6-3. Во вториот Лина уште на стартот направи брејк и поведе со 2-0. Заветска возврати за 4-4, но Ѓорческа со рибрејк и мирен сервис израмни на 1-1 во сетови. Во одлучувачкиот сет, кој траеше најдолго, победникот беше решен дури по тај-брејкот. Таму, иако Лина прва направи минибрејк, денес расположената Заветска веднаш возврати и со четири поени во низа славеше заслужена победа.

За нашата тенисерка овој пораз е нејзин трет во оваа сезона. Најпрво беше поразена во последното квалификациско коло за Австралија Опен, а на 31 јануари загуби во првото коло на турнирот во Гренобл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top