Денесka, Фудбалската федерација на Англија (ФА) го одреди датумот на одржување на заостанатиот натпревар меѓу градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Новиот дуел меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, кој можеби ќе го реши шампионатот на Премиер лигата или пак сигурниот патник во Лигата на шампионите, ќе се одигра на „Итихад“ на 21 април од 21.00 часот.
Досега како предводници на овие две екипи, Муруњо и Пеп се сретнаа двапати и имаат забележано по една победа. Во Премиер лигата со 2-1 славеше Сити, додека во Лига Купот поуспешен беше Јунајтед (1-0). Последниот меч одигран на „Итихад“ заврши во полза на „црвените ѓаволи“, а стрелец на единствениот гол на тој дуел беше младиот Маркус Рашфорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.