Граѓаните на Куманово и вечерва се приклучија на маршот што го организира инцијативата „За заедничка Македонија“. Ги повторија пораките за отфрлање на тиранската платформа и за зачувување на унитарноста на државата.
Тргнаа од Соколанскиот парк и поминаа низ централните градски улици, а маршот го предводеа десетина трактори. Собирот заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ по што се обрати Никола Перовиќ. Рече дека низ вековите многумина се обидувале да не распарчат, но не успеале, бидејќи Македонците сонувале за суверена и независна држава.
– Денес, по 25 години од остварувањето на сонот на нашите предци, ние младите повторно сме сведоци на најлошата карактерна особина на македонскиот народ, на кодошлук, самопродавање на честа и татковината своја од одредени луѓе, за жал наши луѓе, Македонци, истакна Перовиќ.
Ги повика граѓаните да го кренат гласот и да го зачуваат, како што нагласи, она што што е наследено за иднитe поколенија, за да се изгради државата како што сакаме ние, а не некој трет.
– Време е заеднички да се одбрани сонот за самостјна, независна, унитарна Македонија, напомена Перовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст