Отфрлање на тиранската платформа и зачувување на единствена, унитарна Македонија и вечерва побараа граѓаните на Крива Паланка од маршот за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.
Граѓаните маршираа од поранешен Далфис, низ старата градска шаршија, долж главната улица Свети Јоаким Осоговски, преку центарот на градот до зградата на локалната самоуправа.
– Му порачуваме на Села дека нашата Македонија ваква каква ни ја оставиле предците е татковина на сите кои живеат тука и сите имаат едно име, Македонци, без оглед на тоа од каде доаѓаат. Нека знае дека државата ќе ја браниме и одбраниме заради нашите деца, рече Ангелина Ѓошева од Организацијата на жени.
Протестот заврши со собир на плоштадот Карпошово востание од каде беше порачано дека маршот продолжува до отфрлање на тиранската платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст