На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва продолжи граѓанскиот протест на иницијативата „“За заедничка Македонија”.
Уште еднаш беше испратена пораката за унитарна Македонија.
– Драги сограѓани Македоници, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци,…, навистина е чест да се биде дел од масовните протести во нашата татковина, каде што над 200.000 граѓани се излезени со една цел – заедничка унитарна Македонија, на сите граѓани, рече Даме Силјаноски од граѓанската иницијатива.
Народот е, додаде, тој што ќе ја реши ова криза. – Бараме итно повелкување на тиранската платформа и организирање нови избори каде политичките парти отворено ќе ги престават своите платформи, а граѓаните тогаш ќе знаат што е најдобро за Македонија, потенцира Силјаноски.
Протестот заврши со вообичаениот марш низ улиците на Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст