| четврток, 6 декември 2018 |

И со трактори на протестен марш во Кавадарци

kavadarci-8

И со трактори вечерва мирно се протестираше во Кавадарци, против Платформата од Тирана и во одбрана на унитарноста на Македонија.

Пред присутните говореше Алимпие Лазоровски, пензионер. Тој нагласи дека граѓаните се тука за унитарна и целосна, со правна еднаквост, просперитетна и слободна Република Македонија.

– Ќе ги спречиме нечесните и алчни луѓе на СДСМ и нивните странски ментори да се дограбаат до власта и да раководат, непочитувајќи ги демократските правила и соработувајќи за туѓи интереси. Нема да ви дозволиме на туѓ неразбирлив јазик закони да ни пишете, нагласи Лазоровски.

На градскиот плоштад настапија и музичките уметници Ангел Тотов, Стеван Волчев и Пешо Бошков, со револуционерни патриотски песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top