Италијанската државна телевизија РАИ укина едно токшоу кое се емитувало во текот на викендот поради дел од емисијата во кој се опиша зошто источноевропските жени се наводно добри девојки.
Емисијата „Ајде да зборуваме за сабота“ емитувана на 18 март содржела список на добри
особини, кои според РАИ, објаснуваат зошто е добро да се има девојка од источна Европа, а
како пример се наведува дека брзо слабеат после породувањето, опростуваат прељуба, го
препуштаат главниот збор на мажите и се “совршени“ домаќинки.
Емисијата предизвика бројни осуди, иако жените во Италија често се прикажуваат како
сексуални објекти.
Претседателката на долниот дом на парламентот Лаура Болдрини изјави дека емисијата била
навредлива, срамотна и дека е “неприфатливо жените да се претставуваат како домашни
животни на телевизија“.
РАИ поради притисоците на гледачите ја укина емисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст