| четврток, 6 декември 2018 |

„Плати со поезија“ предизвика уникатни и незаборавни моменти кај граѓаните (галерија)

Од Виена до Шангај, од Чикаго до Хамбург, од Лондон до Дубаи, од Москва до Истанбул, денес во склоп на кампањата „Плати со поезија“ организирана од Јулиус Мајнл, илјадници љубители на кафето и стиховите, го прославуваат 21 ви март, Светскиот ден на поезијата. Македонија, на осум локации во Скопје и 1 во Велес, е дел од овој незаборавен настан кој се одбележува секоја година на глобално ниво – овој пат во дури 36 држави и во над 1.400 кафетерии.

unnamed (1)

– На 21 ви март решивме да ја оставиме имагинацијата да нè води. Горди сме што барем на еден ден придонесуваме во креирањето на повод кога валутата е заменета со емоции преточени на парче хартија. Денес, платежното средство низ целиот свет за кафињата и чаевите на Јулиус Мајнл е токму поезијата – истакнуваат од Јулиус Мајнл.

unnamed (2)

Многумина беа инспирирани и ја добија улогата на „поет“ со преточување на своите емоции и креативност на лист хартија.

unnamed (3)

Трета година по ред, Македонија е дел од овој настан. Секој кој ги посети Нола Бар, Наргиле Кафе, Ревија, Дион, Backyard, Juice Bar, Венето, Баду Бар во Скопје и Чао Кафе во Велес ја имаше можноста да ги открие своите најдлабоки желби, идеи, и надежи преку испишани стихови кои сигурно нема да ги заборават.

unnamed (5)

Вљубениците во кафето и поезијата се дружеа со реномирани поети и автори кои им помогнаа на заинтересираните да ги овековечат своите емоции на инспиративен и уникатен начин. Најкреативните и неоткриени „поети“ ги очекуваше несекојдневно и пријатно изненадување.

unnamed (6)

unnamed (7)

unnamed (8)

unnamed (9)

unnamed (10)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top