Уште еден инцидент со кучиња се случи синоќа во кичевското село Бачишта. Се работи за истото село каде пред некој ден распарчено беше четиригодишно момче, кое им подлегна на повредите.
Нападот се случил вчера околу 17.00 часот, кога куче скитник ја нападнало Љ.Б.(57), при што и нанело повреда во пределот на десната рака. Жената е пренесена во Медицински центар Кичево каде и била укажана лекарска помош, и биле констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.