Европскиот совет, Комисијата и Европарламентот договорија измени на Шенгенскиот договор за подобра контрола на европските граници. Притоа, нема измена, односна укинување на визната либерализација за Македонија и за Србија поради лажните азиланти.
– Ова е важен чекор кон унапредување на функционирањето на шенгенскиот систем – наведува еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром во соопштение. Таа истакнува дека е добро што договорот штити од слобода на движење во шенгенската зона низ јасни правила за контрола на надворешните и на внатрешните граници.
Спогодбата за измени на Шенгенскиот договор е резултат на повеќемесечни преговори на клучни европски институции со земјите-членки во врска со прашања кога привремено можат да се воведат гранични контроли во шенгенската зона.
Синоќа, конечно, е договорено ЕК да добие клучна улога во привременото воспоставување граници, на што претходно се противеа некои членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.