| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ќе стане дедо по деветти пат

tramp

Претседателот на САД, Доналд Трамп за неколку месеци ќе добие уште едно, деветто внуче, откако неговиот син Ерик на Твитер објави дека тој и неговата сопруга Лара го очекуваат своето прво дете.

Ерик Трамп (33) во објавата напиша дека ова за нив „била неверојатна година” и дека тој и неговата жена се „блаословени со таа бременост”.

Ерик, неговиот брат Доналд Јуниор и нивната сестра Иванка се деца од првиот брак на Доналд Трамп.

Сега браќата управуваат со Организацијата на Трамп откако, тој ги прекина сите врски со својата доскорешна работа, за да ја презеде државничката функција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top